Филипинците се борат за живот

14.11.2013 15:57

Филипинците ја продолжуваат борбата со животот.  Соочени со судбината и последиците од разорниот тајфун, илјадници преживеани чекаат на аеродромот Таклобан тронка надеж за подобро утре. Болни, стари, млади, неподвижни. Сите со една цел, да ги најдат своите најблиски и да добијат засолниште.

,,Имајте милост. Моето дете е болно. Што да правам?,, - вели мајка чиешто бебе веќе третти ден има дијареа.

Војникот, кој е задолжен за редот на аеродромот,  крева раменици и вели : ,,Навистина ништо не можам да сторам.,,

Ситуацијата станува драматична. Додека преживеаните бараат помош, стотици   загинати во налетот на Хаијан денеска беа погребани во масовна гробница. Многу од телата на жртвите  се неидентификувани, но властите издале наредба да се закопаат поради страв од ширење  зарази. 

Момчето што во моментот на несреќата не било во својата земја се соочува со голема загуба. Единствено што сака е да ги најде своите родители.  ,,Мртви или живи. Морам да ги најдам, да ги видам. Тешко е . Не ми остана ништо. Се изгубив. Не бев тука за да им помогнам.,, низ солзи вели момчето.

Иако помошта пристигнува од сите страни. Шефот на хуманитарната организација на ОН Валери Амос смета дека на овие луѓе им е  потребно многу повеќе.

,,Комплетно ја разбирам ситуацијата. Би требало да сториме повеќе.  Свесна сум со предизвиците со кои се соочуваме. Помошта пристига многу бавно. На овие луѓе им е потребна храна, вода, основни работи за да преживеат..,, вели Амос.

Речиси 600 илјади луѓе се раселени по најсилниот тајфун во светската историја што ги удри Филипините.Околу 12 насто од населението е погодено од природната непогода. Над 2 илјади лица загинаа, а штетите сеуште е тешко  да се проценат.

Бојана Крстевски