Осигурителните компании посилни од Обама

„Обамакеар“ одложена за една година

15.11.2013 11:15

По бурните реакции од американските граѓани Претседателот Барак Обама објави дека неговата здравствена реформа попозната како Обамакеир ќе биде одложена за една година. Сите американци коишто добија известување за откажување на нивното досегашно здравствено осигурување ќе имаат една година да склучат нова.

Од почетокот на спроведувањето на здравствената реформа попозната како Обамакеир околу 100 илјади американски граѓани добиле  здравствено осигурување, но 5 милиони американци добиле откажување на нивното досегашно здравствено осигурување. Осигурителните компании едноставно ги избришале бидејќи како млади и здрави не ги исполнуваат условите од новото обамакеир осигурување. Притиснат од јавното мислење, републиканците, но и од редовите на неговата демократска партија, Претседателот Обама објави дека сите што добиле откажување ќе имаат една година одложување на Обамакеир за да добијат ново осигурување.

Реков дека ќе направиме се што можеме да го поправиме овој проблем. Денес нудам идеја за тоа. Луѓето коишто веќе имаат осигурување ќе можат да ги задржат ако не се променат,изјави Барак Обама Претседател на САД.

Новиот план на Претседателот Обама се базира на соработка од осигурителните компании. Освен нефукционирањето на интернет сајтот за пријавување за Обамакеир осигурување, администрацијата на Обама сега се соочува со проблем како да обезбеди соработка од приватните осигурителни компании.

Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ од САД