Разбиена меѓународна порнографска мрежа

Апсење во повеќе земји

15.11.2013 12:56

Канадската полиција разбила голем меѓународен синџир на детска педофилија.  Уапсени се 348 педофили, од повеќе земји. Меѓу уапсените  имало учители, доктори и свештеници. Уапсени се голем број луѓе чија професија им дозволувала да бидат во близок контакт со деца. Ова треба да биде повик за будење на сите канаѓани, изјави Џоана Бив, командир во оддел за секс криминал. Ова е една од најголемите акции против детска педофилија.

Канадската полиција разбила голем меѓународен синџир на детска педофилија.  Уапсени се 348 педофили, од повеќе земји. Меѓу уапсените  имало учители, доктори и свештеници. Уапсени се голем број луѓе чија професија им дозволувала да бидат во близок контакт со деца. Ова треба да биде повик за будење на сите канаѓани, изјави Џоана Бив, командир во оддел за секс криминал. Ова е една од најголемите акции против детска педофилија. Во Австралија се уапсени 65 лица и се изведени пред суд, но најважно е дека шест деца се спасени и оттргнати од злото, соопшти  Глен Мек Кевин од Федерална полиција на Австралија.

Во истрагата наречена  „Проект копје“   учествувале повеќе од 30 национални полиции  траела 3 години и спасила речиси 400 деца кои сеуште не биле во пубертет. Неколку полицајци со лажни идентитети стапиле во контакт со човек од Торонто, кој имал своја компанија „Азоф филмс“ која продавала двд и он- лајн слики и филмови со деца од 5 до 12 години, со годишна заработка и до 4 милиони долари.  Полицијата го идентификуван како Брајан Веј, којшто подоцна бил уапсен.  Канадската полиција изјавила дека никогаш не сретнала вака голема мрежа на детска педофилија.

Марија Петковска