Секавање за загинатите војници на ЈНА во Вуковар

15.11.2013 16:18

Измина уште една година, 22 по ред , откако  во последната балканска војна во минатиот век, за време на крвавата  дезинтеграција  на  сојузната  југословенска држава ,   не по своја вина  животите  ги загубија  млади момчиња од Македонија,  војници на поранешна ЈНА.  По тој повод    Здружението  на загинати војници  од `91 та година, и најблиските од семејствата на починатите ,  пред споменикот на Откинато мајчино  крило ,  положија свежо цвеке

Испишаните имиња  на спомен плочата   на 57  македонски херои ,   коишто поголемиот број   од  нив  загинаа  на   боиштата, во хравтско-српската војна   потсетуваат на едно лошо време, кое   никогаш нема да биде заборавено   во мајчините срца ,  а родитеите  живеат во надежта дека  нивните чеда  нема   да бидат заборевени ниту од државата.

Семејството  Сулејмани , и по 2 децении живее за моментот да ја добијат веста,  за Севадиљ бидејки  исчезнал во Вуковар ,

Претседателот на здружението Моме Кипријановски којшто  и самиот  настрада   од мина покрај Вуковар,  в најави дека  голема желба му е во чест на херојствата на сите од тоа време, да се реализира нивната иницијативан ,   сите тие постхумно да бидат  одликувани, бидејки  и  тие  го дадоа својот придонес во осамостојувањето на  нашата земја.