Десетици илјади во борба против токсичниот отпад!

Кој да и се спротивстави на неаполската мафија?

17.11.2013 20:07

Неаполци посилни од дождот, но не и од неаполската мафија. Десетици илјади излегоа на улиците во италијанскиот град  за да стават крај на ,, неаполска Камора“ која со децении депонирала тони токсичен отпад меѓу Рим и Неапол. Радиоактивниот материјал освен што  затрул одделни извори, вклучувајќи ги и оние во земјоделските краеви меѓу Неапол и Казерта, предизвикал смртоносни болести. Семејствата на починатите деца и роднини од рак и натаму тврдат дека единствена причина е загадената почва. Оваа мајка го загубила нејзиниот 8 годишен син пред 10 години.

,,Моето малечко почина пред 10 години. Имаше само 8.  Оттогаш, за овие 10 години, многу деца починаа, не постари од 12 години. Велат дека е коинциденција, но не е. Проблемот е многу посериозен. Смртта ни се заканува на сите,,

Додека се борела за својот, го изгубила животот на својата ќерка.

,,Бев на хемотерапија кога мојата 27 годишна ќерка доби рак и почина. Навистина сум исцрпена. Во мојата зграда починаа пет лица од оваа болест,,

Здравствените власти потврдуваат-бројот на заболените расте.

,,Не се работи само за канцер, туку и за зголемен број алергии, деформитети, абортуси. Забележани се поинакви видови на тумор, можете да споредите дека бројот на заболени од рак на дојката е зголемен за 1/3. Луѓето постојано доаѓаат и прашуваат што да јадат, која храна е здрава, од каде да ја купат. Државата, регионот има обврска да им одговори.,, изјави д-р Луиџи Костанцо

Поранешниот мафијашки бос Кармине Шиавоне уште во 1997 година га потврди криминиалот со отпадот, но неговите изјави беа држани во тајност.

,,Пресреќен сум што мојот извештај излезе во јавност. Затоа што само вака луѓето ќе разберат како државата постапува. Постои ли криминална организација без поддршка на државата?

„Камора“ на крајот од  80-тите и почетокот на 90-тите за своите цели ги врбувала и градоначалниците „во сите 106 општини во провинцијата Казерта“, изјави Шиавоне.  Во последните две декади, во триаголникот на смртта,како што сега го нарекуваат регионот меѓу Казерта и Неапол, бројот на туморите пронајдени кај жените пораснал за 40, кај мажите за 47 насто.

Бојана Крстевски