Пронајдени телата на сите загинати

18.11.2013 14:06

Грешка на пилотот и техничка грешка е најверојатно причината за падот на авионот Боинг 737 во Казањ, кога загинаа сите 44 патници и 6 членови на екипажот. Авионот полетал од московскиот аеродромот во Домодедово и експлодирал при вториот обид да слета на аеродромот во Казањ. Спасувачките екипи ги пронашле телата на сите загинати, меѓу кои бил и синот на претседателот на Татарстан.

„Авионот едноставно паднал. Летал вертикално во еден момент. Има и снимки, но не се многу добри, бидејќи надвор беше темно. Направена е грешка во балансирањето, а и горивото било со низок квалитет“.- изјави Максим Соколов, министер за транспорт на Русија.

„Ова е незамисливо. Ужасно е, навистина ужасно. Сите знаат во каква состојба е нашата национална авијација, така што од една страна ова не е изненадување, но, штета е што луѓето гинат“.—изјави граѓанин.

Денес треба да почне идентификацијата на загинатите, и најверојатно ќе потрае неколку недели бидејќи процесот е отежнат поради тоа што поголемиот број тела се сосема изгорени. На семејствата на загинатите ќе им бидат исплатени надоместоци во висина од три милиони рубљи. Авинот бил во сопственост на регионалната авиокомпанија на Татарстан и бил стар 23 години. Според руските медиуми, леталото имало проблеми со слетувањето на истиот аеродром пред една година. Руската агенција за контрола на сообраќајот ја проверува компанијата. Во Русија денеска е прогласен ден на жалост.

Марина Автовска