Блок спорт

Динамичен спортски викенд

18.11.2013 15:11

Уште еден викенд минува со ракометна клубска исполнетост и на дофат кошаркарска

Уште еден викенд минува со ракометна клубска исполнетост и на дофат кошаркарска. Вардарки со супериорно издани во Норвешка против директниот групен ривал инаку, лански шампионски финалист Ларвик, ја демонстрираа својата доминантна моќност која од натпревар во натпревар е се поизразена. Целта, уште по три кола беше исполнета ¼ финален расплет, но ова лице на ракометарките на Индира Кастратовиќ мора, а и тоа како може повеќе, ароганцијата нема да биде преголема, ако се бара и завршна 4-ка. Со победата и конечниот лидерски табеларен епилог во Д групата каде беа скопјанките значи условно полесен ¼ финален противник во жреб незвесноста.

Кошаркарите на Мак шампионот МЗТ Скопје Аеродром со уште едно разочарување заокружуваат АБА викенд. За влакно пропуштија да го реализираат првото гостинско славје во регионалната лига сезонава, од како само за кош им дозволиа на Задрани да се радуваат, а со тоа ја доведат ситуацијата на пата-пата со наш МЗТ во билансот кој сега вели дека и обата тима имаат по 5 прази и три победи, но поредокот оди во полаза на Аеродромци кој котираат на 8-то место, три погоре од Задар. Следниот предизвик и шанса за триумф и реванш за стартниот Евро пораз го има штрковите за два дена на свој паркет каде на гости доаѓа Рига, екипа која има досега реализирано во групата Г два позитивни дуели за себе и три во негатива, сините пак влегуваат во дуелот со само една УЛЕБ победа и 4 порази.

И последниот тениски пехар за сезонава поделен. Репрезентативниот е последен збор за тениската 2014-та и како и лани го имаа Чесите. Оваа година Дејвис Куп трофејот од Белград, Бердих и Степанек накај дома со него благодарение на неможноста на Србија да се справи во целосен состав, а во голема мера на Чесите им олесни неиграњето на Ѓоковиќ во мечот во двојки. Како и да е, супер тениска завршница се случи во Конбах арената со конечни 3:2 во победи на контото на Чешката, селекција која стигна до третиот ваков трофеј за кои по 1980-та чекаше 32 години да сега собере два со ред.

И големата награда на САД возена во Тексас не донесе ништо ново. Фетел повторно најбрз низ целта, новината е само во Ф1 бележникот кој сега запиша нов историски момент со еден возач кому му успеало да врзе 8 победи со ред. Последната трка за сезонава се вози на 24 ноември со гран-прито на Бразил.

Скијачката сезона го фаќа редот. По Зелденското отворање викендов во Фински Леви се возеше втората техничка дисциплина слаломот во обете конкуренции. Каи дамите шарен подиумот со највисокото место за најмладата, 19 годишната американка Шифин, која зад себе на патеката ги остави етаблираните, германката Хофл-Риш и словенката Мазе. Каи скијачите се продолжува како што запра лани барем што се однесува до победникот, Хиршер повторно незапирлив врзувајќи 10-ти подиум со ред, носејќи ја на Австрија 100-та слаломска победа. Австрискиот пиедестлски двоец Хиршер-Кристоферсен го растури норвешиот ветеран марио Мат.