Откриено зошто мажите слабеат полесно од жените

19.09.2013 15:19

Колку пати сте ја слушнале пријателката како се жали: „Мене ми треба еден месец потење и маки да симнам некое кило, а тој два пати ќе отиде на фудбал со другарите и повеќе нема „пивски“ стомак.
 
Колку пати сте ја слушнале пријателката како се жали: „Мене ми треба еден месец потење и маки да симнам некое кило, а тој два пати ќе отиде на фудбал со другарите и повеќе нема „пивски“ стомак.
 
Се чини дека ова не е предрасуда, туку вистина - така барем гласи заклучокот на големото американско истражување со кое е анализиран напредокот на дури 1,2 милиони претешки или лица со прекумерна тежина, кои се фатиле во костец со своите проблеми и одлучиле да ослабат. Така испаѓа дека мажите се поуспешни во битката против килограмите отколку жените затоа што се фокусирани и имаат помалку емотивни проблеми поврзани со храната.
 
Кога ќе се соберат сите изгубени килограми и поделат по испитаниците, мажите просечно топат 7,3 килограми во три месеци, а жените слабеат само пет килограми, пишува Ordinacija.hr.
 
Според британската организација Slimming World, станува збор за комбинација на генетски и културолошки фактори како поголем дел на мускулна маса кај мажите кој помага да се забрза метаболизмот, помалудел на масти во телото, а покрај тоа, мажите ретко кога „наседнуваат“ на помодните диети кои ветуваат брза загуба на килограми во кус период.