Циклонот Клеопатра-смртоносен на Сардинија

19.11.2013 11:51

Најмалку 17 лица настрадаа во поплавите што ноќеска го зафатија средоземниот остров Сардинија

Најмалку 17 лица настрадаа во поплавите што ноќеска го зафатија средоземниот остров Сардинија, предизвикани од циклонот Клеопатра. Реките ги пробија бреговите, носејќи пред себе автомобили, поплавувајќи ги домовите. Се стравува дека бројот на загинатите е поголем бидејќи спасувачките екипи не можат да влезат во загрозените области, изјави гуверенерот на Сардинија. Во тек е итна седница на италијанската влада. 

Повеќе за поплавите на Сардинија во вестите на МТВ во 13 часот.