Битолскиот театар со овации во Санта Барбара

19.11.2013 14:30

Првпат во историјата на театарот во Санта Барбара

Првпат во историјата на театарот во Санта Барбара, во еден ден, на два меѓународни јазика, во продукција на американска и македонска театарска куќа, а под водство на режисерот Џон Блондел, на сцената на „Театар Портер" беше изведена претставата „Хенри Шести" од Вилијам Шекспир.

Пред американската публика, во преполниот аудиториум, најпрвин беше прикажана американската верзија на претставата во изведба на домаќините од театарската компанија „Литмун", а потоа на сцената на овој реномиран театар, на македонски јазик одекна ова дело во изведба на актерите од Народниот театар од Битола. Гостувањето на Народниот театар од Битола се реализираше во рамките на годишната програма на Министерството за култура за меѓународна промоција на театарската дејност.