Хаос во Либан

20.11.2013 09:39

Во две експлозии чијашто цел била иранската амбасада

Во две експлозии чијашто цел била иранската амбасада  во либанската престолнина  Бејрут  денеска загинаа  најмалку 32 лица, 146 се ранети ,а мегу загинатите  е  и  аташето  за култура на иранската амбасада . Зградата се наога во јужното  предградие во Бејрут  коешто  е  пребивалиште на   шиитското двужење  Хезболах,  инаку  сојузник на Иран .

   Во Бејрурт е убиен   културниот аташе на амбасадата на Иран Ебрахим Ансари.   Сведоците потврдија  дека експлозијата на автомобилот каде што била поставена бомба  се случила во јужниот дел на градот  во предградието Дахија  ,  .

Ова е терористички чин.  Очигледно  некој  сака да си поигра со  стабилноста на земјата  изјави   либанскиот министер за здраство  Али  Касан  Халил

 За каква експлозија се работи засега полицијата  се уште   не  знае со сигурност   ,а ниту пак некој ја презеде одговорноста, известија   либанските медиуми ,   информирајки дека снимките од безбедносните камери покажале дека експолозијата   ја   предизвикала  автомобил бомба  и дека  се гледал човек  којшто возел кон иранската амбасада пред  да експлодира автомобилот . Втората експлозија ја предизвикал автомобилот којшто бил паркиран  недалеку од амбасадата

- Очигледно некој сака да ја отвори  Пандорината кутија во Либан ,   и да ја дестабилизира  земјата , којашто досега успешно се справуваше  за  кризата од Сирија да не се прелее во Либан, изјави пратеникот  на либанскиот парламнет  

 Подрачјето  во коешто се случи експлозијата се смета за пребивалиште на либанската шиитска фракција Хезболах,  којшто воено  е ангажиран во Сирија на страната на тамошниот режим.   Претседателот Асад  во Сирија   припага на малцинската секта  Алавити , разгранок на шиитскиот ислам. Поради ова  сунитските муслимани, коишто се поврзани со  Ак каеда,    го осудија  иранското воено   учество како и  либанските шиитски паравоени сили сојузници на Хезболах во сириската војна, што резултираше со превласт на силите на  претседателот Башар  ел  Асад,  кој е претставник на малцинцискиот шиитски народ   во однос на  суниското мнозинство во Сирија .

Мирјана Василева