Се урна трговски центар во изградбаво Јужна Африка

20.11.2013 11:49

Неправилностите при изградбата на трговски центар во Јужна Африка предизвика смрт на две лица

Неправилностите при изградбата на трговски центар во Јужна Африка предизвика смрт на две лица , а затрупа 40-тмина. Триесет лица се хоспитализирани во градската болница во Дурбан и се во критична состојба.

Гледав како се урива целиот објект, луѓето врискаа, глетката беше  многу страшна. Целиот ѕид се урна, на многу луѓе им беше неопходна помош, изјави очевидец.

По преживеаните се трага со кучиња, при што е вклучена и механизација за извлекување на  телата на настраданите кои сеуште се под урнатините.

Има исчезнати, не го знаеме колку луѓе биле во трговскиот центар во моментот на несреќата, вели Алекс Глостер  од Службата за итни случаи

Локалните власти минатиот месец  се обиделе да ги прекинат градежните работи од безбедносни причини.

Дв тон заменик градоначалник Номвузо Шабалала

Сеуште се утврдуваат причините поради кои се урна зградата. Пред еден месец предупредивме  да се прекине со изградбата. Но, знаеме дека одредени правила не биле почитувани,изјави заменик градоначалникот Номвузо Шабалала

Повеќето од настраданите се градежни работници.

Марија Петковска