Златни прачки пронајдени на аеродром во Индија

20.11.2013 15:03

Златни прачки во вредност од 1,1 милиони долари, најдени во тоалет во авион во Индија

24 златни прачки во вредност од 1,1 милиони долари се откриени во тоалет на комерцијален авион во источна Индија.

Златото го пронашла службата за чистење, во две торби на аеродромот во Калкута, кажуваат официјалните власти.

Златото што во вторникот беше пронајдено е во прачки со тежина од 1 кг (2.2lb) и е со потекло од Банкок.