Ја знае ли ЕУ цената на непроширувањето

21.11.2013 09:19

Ховит го дели ставот на Комисијата дека со отворањето на поглавјата 23 и 24 за правда

Ховит го дели ставот на Комисијата дека со отворањето на поглавјата 23 и 24 за правда, демократија и човековите права ќе се зголеми напредокот по многу прашања.

Во Резолуцијата се вели дека ако Советот не направи напредок во однос на пристапувањето на Македонија во кон ЕУ, го ризикува кредибилитетот на процесот на проширување и исто така ја поткопува потребната клима во земјата за реформите.

Ховит повикува на изработка на квантитативна анализа на социјалните, политичките и економските трошоци кои произлегуваат од продолжувањето на неуспехот за земјата да направи напредок во пристапувањето кон ЕУ, како за неа, така и за нејзините соседи.

Ховит е загрижен и дека албанското население на земјата може да почне да се чувствува „како напуштено“ во процесот на проширување со оглед на напредокот на Косово и Албанија и тоа може да претставува дополнителен ризик во иднина за стабилноста на земјата.

Тој е загрижен и за кредибилноста на рамката на преговорите за името, кои се досега не вродија плод и ја повикува Грција, Советот и Парламентот, како и Македонија, да дадат нов политички поттик во обид да се реши прашањето за името, а се поздравени средбите меѓу македонскиот и бугарските премиери во подобрувањето на добрососедските односи.

Во Резолуцијата се инсистрира на целосна имплементација на препораките на парламентарната комисија за истрага по настаните од 24 декември 2012 година и бара продлабочување на демократијата. Жали што не е постигнат поголем напредок во однос на интегрираното образование, како и за тоа што сѐ помалку млади Албанци го владеат македонскиот јазик што води до разделување и потенцијален конфликт долж етничките линии меѓу децата на училишна возраст.

Во предложениот текст, меѓу другото се повикува на продолжување на дијалогот за законот за медиуми, кој би требало да биде донесен со широка поддршка на новинарската заедница.

Тони Гламчевски