Откажани сите комерцијални летови од Загребскиот аеродром

21.11.2013 12:31

Сите летови од аеродромот во Загреб се откажани , поради штрајкот на четирите синдикати што започна во 10 часот.Прекинот на воздушниот сообраќај ќе трае до петок на полноќ, но од вторник се најавува почеток на втората фаза која ќе трае три дена . Причина за штрајкот е стравот на вработените дека  ќе ги загубат стекнатите права поради превземањето на Аеродромот  во наредните  30 години од  страна на францускиот конзорциум ЗАИК , што е најавено за две недели .

Управата на Аеродромот смета дека штрајкот е незаконски ,а вработените имаат  договори за работа меѓу најдобрите во Хрватска.

На интернет страницата на аеродромот Загреб е објавено дека сите летови се откажани , а компаниите ги користат алтернативните аеродроми во Сплит,Грац  и во Љубљана .

Свето Николовски