Совладан потенцијален атентатор врз Ердоган

21.11.2013 13:10

Во Анкара безбедносните чувари совладале лице

Во Анкара безбедносните чувари совладале лице кое носело експлозив и се обидело да влезе во зградата на премиерот Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина. Тој бил онеспособен од персоналот, по што бомбашки тим ја деактивирал бомбата која била пронајдена кај него. Во моментот околу зградата има засилено полициско обезбедување и во тек е истрага за можниот атентат.