Македонија ќе добие нов закон за ДДВ, стапките не се менуваат

21.11.2013 13:14

Заврши проектот за реформа на македонскиот даночен систем

Заврши проектот за реформа на македонскиот  даночен систем ,што беше помогнат  од проектот на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИС .Новиот нацрт  текст на Законот за ДДВ е целосно хармонизиран  со Европската регулатива  и со најновите директиви , велат  од ГИС.Според координаторот на проектот Хесус Гајарре  Македонија има  добри стапки на ДДВ  и доколку успее да ги задржи  не треба да ги менува,  како што направија повеќе европски земји погодени од должничката криза ,меѓу кои и Шпанија од каде што тој доаѓа.Стариот закон се употребува веќе 10 години , а во меѓувреме се донесени десетина нови ЕУ директиви кои требало да бидат вградени во даночната регулатива .Проектот освен текстот на законот на Министерството за финансии ќе му ги предаде и подготвените подзаконски акти потребни за негова имплементација .Една од новините во законот ќе биде определбата  купувањето на недвижности да биде ослободено од плаќање ДДВ , велат од ГИС. Дел од новите  законски  решенија за ДДВ би се применувале по автоматизам , веднаш по влезот на Македонија во ЕУ , вели Гајаре .Од ГИС велат дека многу е важна регионалната соработка , особено поради прекуграничното движење на соките и на услугите , а од Македонија се очекува да биде земја водач  и креатор на   регионалната соработка ,  поради  напредните законски решенија во даночната сфера и едуцираната администрација .  

Свето Николовски