Половина век без решение на атентатот на Кенеди

21.11.2013 14:26

50 години од атентатот кој целосно го промени текот на светските случувања. Американскиот претседател Цон Ф.Кенеди беше убиен во 1963-та година во Далас, Тексас.. Hеговата смрт и денес се поврзува со многу контроверзи, иако убиецот Ли Харви Освалд беше уапсен по неколку дена. Харизматичниот кенеди ги водеше САД помалку од три години, но неговото влијание и по 5 децении е огромно, како врз политиката на Вашингтон, така и врз другите светски лидери..

50 години од атентатот кој целосно го промени текот на светските случувања. Американскиот претседател Цон Ф.Кенеди беше убиен во 1963-та година во Далас, Тексас.. Hеговата смрт и денес се поврзува со многу контроверзи, иако убиецот Ли Харви Освалд беше уапсен по неколку дена. Харизматичниот кенеди ги водеше САД помалку од три години, но неговото влијание и по 5 децении е огромно, како врз политиката на Вашингтон, така и врз другите светски лидери.. Кенеди и натаму е најпопуларниот американски претседател, а неговите политички ставови можат и денес да се применат врз проблемите кои се уште постојат во светската политика.. Кенеди со новиот современ имиџ што тогаш го наметна во политиката, создаде практичен и реален пристап за соочување и решавање со домашните и меѓународните предизвици.. Во неговото време САД влегоа во златното економско доба.. Ја зголеми минималната плата, ги намали порезите, вложуваше во изградба на патишта, мостови, развој на урбаните средини.. Американскиот претседател Барак Обама во знак на сеќавање ги додели медалите за слобода на истакнати американски личности.

Ова е завет за еден човек кој можеше да се повлече во луксуз, но го избра животот во арена.. Некогаш пловеше спроти ветрот, некогаш со него.. Затоа и по 50 години Кенеди ќе остане во сеќавањата како храбар, бестрашен и решителен, рече во говорот претседателот Обама.

Меѓу годинашните добитници се поренешниот претседател Бил Клинтон и ТВ водителката Опра Винфри. Обама заедно со сопругата Мишел, Бил Клинтон и Хилари го посетија гробот на претседателот Кенеди во Арлингтон.   

Маја Стојанова