Нов остров во Јапонија

21.11.2013 14:30

Остров со пречник од двесте метри се појавил на 20 ноември

Остров со пречник од двесте метри се појавил на 20 ноември речиси илјада километри јужно од Токио, по ерупција на вулкан на ненаселениот остров Нишиношима, во област на славниот, сеизмички многу активен, „огнен прстенПрвите знаци на вулканската ерупција биле забележани уште во вторникот, на 19 ноември, кога бил забележан облак од густ црн дим проследен со екплодирање на кратерот. Ден подоцна, во непосредна близина на остроовот Нишиношима бил забележан уште еден, досега непознат остров.Последната вулканска ерупција во таа област била забележена во средината на седумдесеттите години од минатиот век, а најголемиот дел ерупции досега се случувале под површината на водата