Плеј оф за Светско првенство во фудбал

Уругвај по 12-ти пат на мундијалите

21.11.2013 16:02

Квалитетот и бараж - системот според кој петопасираниот од јужноамериканските квалификации игра со преставник на Азија, му овозможија на Уругвај по 12-ти пат да биде дел од Светското првенство... “Ла селесте” немаа проблеми против дебитантот во плеј - оф пресметките Jордан и по третпат го минаа мундијалското доигрување .. 0:0 во реваншот во Mонтевидео, репрезентацијата на Oскар Tабарез само рутински ја одработи обврската откако пласманот го обезбеди уште со гостинската убедлива победа од 5:0...

Квалитетот и бараж - системот според кој петопасираниот од јужноамериканските квалификации игра со преставник на Азија, му овозможија на Уругвај по 12-ти пат да биде дел од Светското првенство... “Ла селесте” немаа проблеми против дебитантот во плеј - оф пресметките Jордан и по третпат го минаа мундијалското доигрување .. 0:0 во реваншот во Mонтевидео, репрезентацијата на Oскар Tабарез само рутински ја одработи обврската откако пласманот го обезбеди уште со гостинската убедлива победа од 5:0... Mинатиот мундијал Уругвајците ја елиминираа Костарика, па во Јужна Африка дојдоа до четвртото место... Во баражот во 2002 беа подобри од Австралија, но на Светскиот шампионат во Гераманија 2006 не отидоа затоа што послабо шутираа пенали во двомечот токму со “кенгурите”, тогаш предводени од Гус Хидинк... Суарез и Кавани по 64 години ќе го вратат Уругвај на местото на најголемиот фудбалски шок... 1950-тата, генерација на Скиафино ја освои втората светска титула, поразувајќи го на Маракана во Рио де Жанеиро Бразил со 2:1 што тогаш во најфудбалската земја во светот претставуваше трагедија... Уругвајците ќе бидат во првата квалитативна конкуренција во пресрет на извлекувањето на составот на групите на 6 декември што како и мундијалот ексклузивно ќе се емитува на Македонската телевизија...  

Горан Стерјов