Забавни

СТИЛИСИМО

Недела, 21:45

„Стилисимо“ е ТВ магазин за стил, мода, модни трендови и забава. Водител и автор на „Стилисимо“ е познатата стилистка и креаторка Цаци Паковска.

„Стилисимо“ има забавен, но и едукативен карактер и е наменета за сите љубители на модата и убавиот животен стил воопшто. Оваа емисија содржи 6 куси и  динамични прилози снимени на различни локации во зависност од содржината.

Во секоја емисија има интересни модни интервјуа со познати светски и домашни имиња од светот на модата, како и прилози кои обработуваат модни феномени.

Секако дека постојано ги покриваме и најпознатите светски модни недели, со што им овозможуваме на гладачите да бидат во тек со најновите модни трендови. Во Стилисимо секогаш отстапуваме место и за машката мода, бидејќи сакаме емисијата да е атрактивна за целото семејство. Комплетниот стил на емисијата се надополнува со куси прилози за најпознатите модни метрополи како Милано, Париз, Њујорк.

Гледајте „Стилисимо“ со Цаци Паковска.