Годишнина од дејтонскиот договор за БиХ

21.11.2013 20:26

Со Договорот којшто е парафиран во американската воена база

Со  Договорот којшто  е парафиран во американската  воена база  Рајт  Петерсон, а потпишан од страна  на Туѓман Милошевик и од Изетбеговиќ  во Париз ,  трите соседни држави се  обврзаа дека ке ги регулираат мегусебните односи според повелбата на Светската организација 

18 години потоа , ниту еден од потписниците   ниту пак творецот на Дејтон, Холбрук не се  мегу  живите , а во  мегувреме оргиналниот докумнет е изгубен , а политичарите  во Босна и Херцеговина       продожуваат  со расправиите за ревизија на Дејтонскиот договор.

 Најагласен во иницијативата е претседателот на Република Српска  Додик кој смета ако  оваа држава сака да преживее мора да се врати на почитување на Уставот и Дејтонскиот договор. Според погледите од Бања Лука ,Босна и Херцеговина е неуспешна држава и поради  тоа    неопходна е уставна реконструкција бидејки и наместо со два  земјата  може да  остане и со три дела цела.

 И Бошњачките, но и хрватските политичари  оценуваат дека  грешките што се појавија во функционирањето   на институциите на власта е резултат  од   неспоредувањето на договорот

Според моите овласувањ ,настојувам  да ги доближам разликите што владеат мегу Република  Српска   и сојузните органи кога се во прашање  ингеренциите   на ентитетите.  Очигледно треба да се почитува  владеењето на правото , едно од главните реформи , што е услов и за  приближување на Бих  кон Унијата,   изјави специјалниот пратеник  за Бих  Валентин Инцко.

  За полнолетството на Дејтонскиот договор  дел   дел од  експертите  во  Сараево  пак сметаат дека  сепак овој документ не  е замрзнат  туку  текстот на  договорот  треба да се менува за  луѓето во државата да живеат подобро. Инсистирањето на изворноста на Дејтон  добро, им донесува само  на оние којшто профитираат со рекламирање на  договорот кој е прегазен од времето.

Мирјана Василева