Блок вести - Свет

Трагедија во Латвија

22.11.2013 10:47

Покрив на трговски центар усмрти најмалку 12 лица

Најмалку 12 лица загинаа, а над 30 се повредени при уривање на покрив на супермаркет во главниот град на Латвија, Рига.  Меѓу жртвите се и двајца спасители. Властите стравуваат дека бројката ќе расте затоа што во време на несреќата маркетот имало голем број посетители.

,,Спасувачките екипи сеуште бараат жртви и преживеани под урнатините, но сигурно тоа ќе трае со часови. Предмалку една жена е спасена,, -изјави Валдис Домбровскис, премиер на Латвија.

Причините за несреќата сеуште не се познати, но неофицијално станува збор за експлозија на покривот на којшто се градела зимска градина. Очевидците ја потврдија претпоставката..

,,Како цевка да експлодираше на покривот над супермаркетот.Веројатно тие направиле нешто лошо и покривот не издража. Се случи тоа што се случи.,, - очевидец.

Латвија која ќе и се приклучи на еврозоната од почетокот на наредната година, забележува силен економски подем по длабоката рецесија во годините голбална кредитна криза, но и натаму остануваа една од најсиромашните земји во Европа..

Лондон жени во заложн

Во Ламбет, Јужен Лондон, полицијата спаси три жени кои цели 30 години од ропство од брачен пар на 67 годишна возраст. Минатиот месец полицијата ја контактирала организацијата ,,Freedom Charity,, откако добиле повик од жена која велела дека била држена како робинка против нејзината волја со децении. Се работи за 69-годишна малезијка, 57-годишна ирка и 30-годишна британка за која се испитува дали била родена во куќата.  Жените, за кои се вели дека се "многу трауматизирани", сега се безбедно сместени. 30-годишното заложништво е подолго од кој било претходен случај.

Украина протести                         

Околу илјада луѓе се собраа на централниот  плоштад на главниот украински град, Киев да го искажат револтот против владината одлука да го суспендира потпишувањето на спогодбата за асоцијација со ЕУ и наместо тоа да се фокусира на обновување на врските со Русија. Демонстрантите со украински и знамиња на ЕУ извикуваа –Украина е Европа. Официјални претставници на ЕУ изразија надеж дека Украина ќе го потпише договорот на самитот на Источно партнерство на ЕУ во Вилнус следната недела.

Бојана Крстевски