Облека што предизвикува болести

15.04.2014 11:42

Некои парчиња облека  може да предизвикаат сериозни болки и инфекции. Освен можноста за инфекција на ушите, големите  обетки можат да ја истегнат ушната ресичка поради тежината.

Иако ги сакаме  големите торби бидејќи во нив собира сè,секогаш ќе ни го пореметат природното држење на телото. Тоа доведува до тоа едното рамо да е насилно спуштено, што на крајот може да нè укочи, да предизвика главоболка и болка во вратот и грбот.

Како што не е добро да имате опуштен градник, кој нема да ви даде потпора, не е добро ниту да имате премногу тесен. Тој ќе ја спречи природната работа на мускулите, што на крајот може да доведе до предвремено опуштање на ткивото.Кога седите, а паричникот е во предниот дел од пантолоните, тој создава притисок на тој дел од карлицата, што доведува до асиметрично држење на телото. Токму поради тоа може да почувствувате неудобност или болка.

Тангите се лоши за женското здравје. Со оглед на тоа што се припиени за интимното подрачје, не оставаат простор за кожата во тој дел да дише. Другиот проблем е што материјалите како чипката не ја впиваат влагата па полесно е да се добие инфекција.

Тесните фармерки се помодерни од било кога, но понекогаш треба да ги избегнувате и да го одморите телото од толку голем притисок. Поради тесните фармерки и сукњи телото ја губи природната рамнотежа и ве тера да одите како робот.

Секоја жена изгледа поелегантно ако носи чевли со штикла, но секојдневното носење прави повеќе штета, отколку корист. Положбата на стапалата кај носењето високи чевли е таква што целиот притисок е на долниот дел од прстите. Поради тоа е тешко одењето на високи потпетици, бидејќи треба да знаете како да балансирате. Колената и колковите се истакнуваат нанапред, што штети на карлицата и на нозете. Така може лесно да се повредите и да ја свиткате ногата или да изгубите рамнотежа, а може да добиете и воспаление на нервите од болните стапала или пак потечен палец поради набивање на ногата во врвот на чевелот.