Преку ривалот до европско осминафинале

Скопје повторно во ракометен занес

22.11.2013 15:28

Ривалството што од локално се воздигна до европско ниво продолжува. Вардар ја доби првата битка во Лигата на европските шампиони против Металург, а в недела претстои реваншот.

Ривалството што од локално се воздигна до европско ниво продолжува. Вардар ја доби првата битка во Лигата на европските шампиони против Металург, а в недела претстои реваншот.

Историјата во елитното ракометно друштво бидна, сега останува да се следи континуитетот. И Вардар и Металург изминативе 10-тина подготвителни шампионски дена од очаен по очаен, барем од она што го видовме во СЕХА лигата. Дали фокусот на неделниот исклучително бодовно важен меч си го направи своето, или можеби само тактика беше во прашање. Но, сосема друга приказна се дуелите меѓу овие два тима, независно за што и каде се играат, носат и имаат секогаш посебен жар, мотив и целосна адреналинска борбеност.

Мал проблем кај вардарци е повредата на Растворцев, кој следните месеци нема да може да им помогне на црвено - црните, но како што вели Бошковски, со тој играчки кадар тоа не треба да биде тема за поплака. Акцентот кај македонскиот шампион се става на двата потребни бода  кои ќе значат сигурен влез во шампионската 16-ка, што впрочем беше и првичната зацртана цел, а целосно на рака ќе им оди и триумф на Пари Сен Жермен во Париз над Динамо Минск. Но, за неделната скопска пресметка,  дефинитивно е јасно, излишна е секаква претходна математика.       

Ирена Андреевска - Димитриевска