Прволигашите се враќаат на терените

Домашен фудбал

22.11.2013 15:28

По прекинот поради настапите на нашата млада фудбалска репрезентација

По прекинот поради настапите на нашата млада фудбалска репрезентација, продолжуваат и натпреварите во најсилната фудбалска конкуренција кај нас. Во 16-тото коло Работнички ќе ја пречека Шкендија, Вардар ќе и гостува на Брегалница, Гостивар ќе му биде домаќин на Напредок, а Металург на Пелистер. Македонија Ѓорче Петров ќе истрча на теренот на Турново, а Ренова е фаворит на своја трева против Еуромилк.

Македонската телевизија ќе ви понуди два преноса од 16-тото коло во прволигашката фудбалска конкуренција.

Зоран Видевски