„Отворен парламент - Транспаретност на парламентарните активности“

23.09.2013 12:03

Во Собранието на Република Македонија денеска и утре ќе се одржи семинар со пратеници од земјите - пристапнички и од Европскиот парламент насловен „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“

Во Собранието на Република Македонија денеска и утре ќе се одржи семинар со пратеници од земјите - пристапнички и од Европскиот парламент насловен „Отворен парламент – Транспаретност на парламентарните активности“.  
 
Семинарот ќе го отворат потпретседателот на Собранието Светлана Јакимовска, и потпретседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан.
 
Европратеникот Едуард Кукан, претседавач на Делегацијата со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе ја модерира сесијата посветена на парламентот како сервис на граѓаните: општи принципи и практики кои се применуваат во ЕУ, додека студија на случај за практиките и искуствата на националните парламенти ќе изнесе Линда Кубасиак Јохансен,  виш експерт од Парламентот на Кралството Данска.
 
Тања Фајон, европратеник и член на Комитетот за цивилни слободи, правда и внатрешни работи на ЕП ќе зборува за Деловникот и Кодекс на однесување на Европскиот парламент, додека за кодексот на однесување и механизми на почитување ќе образложи Хорди Ксукла, шпански европратеник, член на Комисијата за Деловник, имунитет и институционални прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
 
За тоа како ЕП и европратениците работата со интересните групи ќе зборува пратеникот Кнут Флекенштајн, кој е член на Комитетот за надворешни работи на ЕП.
 
Утре потпретседателот на ЕП Сурјан пратениците ќе зборуваат за поврзаноста меѓу парламентарците и граѓаните, а темите за кои во текот на денот ќе се дебатираат се поврзани со ИТ како клучна алка за парламентите и клуч за граѓаните за што ќе зборува Рејнер Виланд, потпретседател на ЕП, а Дубравка Грчиќ од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) - членка на Глобалната мрежа на парламентарни мониторинг организации ќе го презентира извештајот за тоа колку парламентите од Западен Балкан и Турција се отворени кон нивните граѓани.