Блок свет

Договорот со ЕУ ја ,,подели“ Украина

25.11.2013 10:18

Мобилниот телефон на германската канцеларка Aнгела Mеркел

Мобилниот телефон на германската канцеларка Aнгела Mеркел не бил прислушкуван само од американските тајни служби, туку и од Русија, Кина, Северна Кореја и од Велика Британија.. Прислушкуван бил еден од канцелариските мобилни телефони кој немал систем за криптозаштита, пишуваат германските медиуми.. Според нив, странските тајни служби минатата година врбували и над 100-тина политичари, воени лица, научници и бизнисмени како кодоши.. Посебно биле активни руските тајни служби..

Украина може да го потпише Договорот за асоцијација со Унијата и наредната година на Самитот ЕУ-Украина, изјави украинскиот премиер Микола Азаров.. Според него, ЕУ целосно ја разбира економската ситуација на земјата и не го исклучува потпишувањето, додавајќи дека опозициските политичари прават сензација од владината одлука да го откаже потпишувањето на самитот на источното парнерство што ќе се одружи во Вилнус неделава.. Десетици илјади украинци и денеска се собраа во центарот на Киев во обид да извршат притисок врз Владата да ја потпише историската спогодба со Унијата.. 

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за постигнатиот договор за иранската нуклеарна програма.. Побарал итни консултации со Израел, откако Нетанјаху остро го осуди договорот меѓу Иран и шесте водечки светски сили.. Тел Авив смета дека иранското нуклеарно оружје е опасна закана за опстанокот на Израел..     

Рускиот претседател Владимир Путин во приватна аудиенција кај Поглаварот на римокатоличката црква.. Освен разговорите за односите меѓу католичката и православната црква, се очекува да биде разгледана и состојбата во Сирија.. Кремљ е задоволен од подобрувањето на односите меѓу двете цркви и вниманието кое се посветува на христијанските малцинства во Северна Африка и на Блискиот Исток..

Најмалку 13 лица загинаа во силната снежна бура што ги зафати западните и централните делови на САД.. Поради невремето и сообраќајните несреќи, на патиштата има сериозен хаос.. Застој има и во авионскиот сообраќај.. Во Далас се откажани повеќе од 300 летови.. Снежниот циклон носи со себе арктички ветрови кои дуваат со брзина и до 80 километри на час, проследени со снежни врнежи.

Маја Стојанова