Тешко до регионални брендови

25.11.2013 13:18

Дома познати, надвор ретко некој слушнал за нив

Македонските производи тешко се пробиваат на странските пазари, уште потешко се позиционираат како препознатлив бренд.

 “Во Македонија има многу трговски марки кои за себе велат дека се брендови, меѓутоа вистинскиот тест е кога ќе се обидат да излезат надвор, каде има огромна конкуренција и милиони брендови само во регионот, и тоа во истата категорија каде вие сакате да го направите тоа. Е тогаш компаниите стануваат свесни за предизвикот”, изјави Гоце Пачемски, консултант/ПР експерт

“Мислам дека се плашат да инвестираат, и второ мислам дека се плашат дека ако излезат ќе се дознае дека тие не се толку квалитетни колку што се претставуваат дома”, изјави Синиша Пекевски, бизнис консултант

За создавање успешен бренд потребни се стратегија, време и пари. Од домашните компании како најуспешни во овој сегмент се покажаа оние со долга традиција, кои и порано беа познати во регионот, па низ годините успеаја да ги одржат својот квалитет и препознатливост. Во најголем дел се работи за компании од прехранбениот сектор, винската индустрија, фармакологијата.

“Глобалните конкуренти секаде настапуваат со исто стратегија, па оттука и се предвидливи, но имаат пари, знаење и агресивност, и за да се натпреварувате со нив треба да сте подготвени да играте во прва лига”,  изјави Милош Радуловиќ, шеф на ОТЦ и производи за здравје во Алкалоид

Според агенцијата Валикон, која секоја година прави листа на најпрепознатливи потрошувачки брендови од поранешна Југославија, меѓу најсилните 25 нема македонски.

Мартин Пушевски