Украина се подалеку од ЕУ?

25.11.2013 13:32

И вториот ден протестите низ Украина не минаа без инциденти. Револтираните демонстранти кои протестираат против владиното непотпишување  на Спогодбата за асоцијација со ЕУ, се судрија со полицијата. Пред седиштето на Владата во Киев го повикаа претседателот Јанукович, кој денеска е на средба со Путин во Кремљ.

И вториот ден протестите низ Украина не минаа без инциденти. Револтираните демонстранти кои протестираат против владиното непотпишување  на Спогодбата за асоцијација со ЕУ, се судрија со полицијата. Пред седиштето на Владата во Киев го повикаа претседателот Јанукович, кој денеска е на средба со Путин во Кремљ.

,,Излеговме на улица да им покажеме дека не се плашиме. Ако не го потпишат договорот, тоа ќе биде катастрофа, во секоја смисла.,,  смета жител на Киев. Истото мислење го дели и друг сограѓнин. ,,Невозможно е да бидеме цивилизирани кога долго чекавме надевајќи се дека Владата нема да не лаже,, изјави тој.

Некои од демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на Владата, но се повлекоа откако полицијата употреби солзавец и спрејови. И народот се подели. Оваа пензионирана госпоѓа ја поддржува одлуката на Јануковиќ. Според неа ,,ЕУ не ни нуди ништо, само не оптоварува . Зошто да ги следиме нивните правила? Ако гласавме за независност, тогаш треба да бидеме независни,,

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека сепак притисокот го врши ЕУ.

,,Не се работи за политичко, туку за комерцијално прашање. Доколку биде потпишан договорот,  ќе ги укинеме повластените услови на слободната трговска зона со Украина. Потпишувањето на договорот со ЕУ би „ликвидирала “цели индустриски гранки во Русија,  особено земјоделството и авиоиндустријата. ,, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Украина може да го потпише Договорот за асоцијација со Унијата и во наредната година на Самитот ЕУ-Украина, изјави украинскиот премиер Азаров.  Иако само 18 насто од 46-те милиони Украинци се етнички Руси, со земјата владее проруски кабинет поради тесните економски односи со снабдување руска нафта и гас, додека Киев обезбедува жито и челик за Русија.

Бојана Крстевски