Блок Свет

Договорот со Иран ја намали цената на нафтата

25.11.2013 13:38

Паднаа цените на нафтата на светските берзи по спогодбата за иранската нуклеарна програма

Паднаа цените на нафтата на светските берзи по спогодбата за иранската нуклеарна програма со која меѓу другото беше договорено олеснување на санкциите кон Иран во однос извозот на сурофа нафта. Иран има четврти по големина резерви на нафта во светот, но извозот беше оневозможен поради строгите меѓународни санкции. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама телефонски разговаше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побара итни консултации, откако Нетанјаху остро го осуди договорот меѓу Иран и шесте водечки светски сили.

Стотици антивладини демонстранти упаднаа во Министерството за финансии на Бангкок, а организаторите на протестите повикаа на слични такови упади во сите министерства.. Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Инглук Шинаватра, барајќи оставка од премиерката, сестра на соборениот Таксин Шинаватра кој е во прогонство.. Според полицијата пред зградата на Министерството има околу 30 илјади луѓе кои скандираат Таксин надвор, армијата е со нас. Ова се најмасовните протести по оние во 2010-та кога загинаа 90 лица, а илјадници беа повредени.  

Најмалку 13 лица загинаа во силната снежна бура што ги зафати западните и централните делови на САД. Поради невремето и сообраќајните несреќи, на патиштата владее вистински хаос. Застој има и во авионскиот сообраќај.. Во Далас се откажани повеќе од 300 летови. Снежниот циклон носи со себе арктички ветрови кои дуваат со брзина и до 80 километри на час, проследени со снежни врнеж..  

Околу 12 илјади жители се евакуирани по активирањето на вулканот Синабунг во Индонезија. По три годишно мирување вулканот почна да исфрла пепел по што загаденоста на воздухот во северна Суматра се зголеми на рекордно ниво, опасно по здравјето на луѓето..

 Маја Стојанова