15 милиони евра инвестиција во Кавадарци која ќе отвори 150 работни места

Coficab e компанијата – инвеститор во Кавадарци

25.11.2013 16:07

Туниски Кофикаб (Coficab) e компанијата која ќе отвори нова фабрика во Кавадарци, веднаш до капацитетот на Дрекселмајер. Таа е европски лидер за производство на електрични кабли за автомобили и е во топ 3 во светски рамки. Инвестицијата во земјава ќе изнесува околу 15 милиони евра и за две години ќе отвори до 150 работни места.

 “Фирмата се наоѓа моментално на постоечка локација во Кавадарци и кон средината на декември ќе ја започнат доставата на кабли за Дрекселмајер, а за кратко и до Кромберг и Шуберт. Првите вработувања веќе се објавени на интернет порталите. Новата гринфилд инвестиција ќе се реализира идната година”, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции

Кофикаб веќе има пет производствени капацитети: два во Тунис, по еден во  Португалија, Мароко и Германија. Компанијата им дава логистичка поддршка на големите производители, и ги снабдува Мерцедес, Фоклсваген, Рено, Фиат, БМВ, Опел, Форд.

“Се чини доста извесно дека таа компанија ќе дојде во Македонија, да произведува делови коишто се потребни за производството на Дрекселмајер. Тие се нивни бизнис-партнери и секаде каде што Дрекселмајер гради тие ги следат”, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Р. Македонија

Кофикаб покрива 30 % од европскиот и 13 % од светскиот пазар, а прави годишен обрт од 550 милиони евра.

Мартин Пушевски