Не еден, реално е два осминафиналиста!

25.11.2013 16:23

Ривалството продолжува! Спортска Македонија , но и ракометна Европа добија уште една потврда зошто Скопје е најракометниот град на стариот континент. Вардар и Металург  одамна ги надминаа локалните рамки, но малку кој се надеваше дека ќе дојде денот кога пресметката меѓу двата македонски клуба ќе биде атракција и за гледачите во повеќе од десет  земји. Ако се изземат спорадичните инциденти што никако не смее да се оправдаат, тогаш двата македонски клуба со право го добија заслуженото внимание.

Водени од желбата за докажување, за победа, за превласт во градот што стана центар на европскиот ракомет, Вардар и Металург понудија уште еден натпревар што ќе се памети, ќе се прераскажува, барем до следниот нивни меѓусебен дуел.

Металург се воздигна и врати за поразот од пред десетина дена , освои два бода можеби пресудни за пласман во нокаут фазата , иако сега амбициите се и за подобра стартна позиција при осминафиналната ждрепка. Ако и во поразите има нешто добро, тоа е можноста да се извлече поука, но и фактот дека ништо не е загубено ниту за Вардар. В сабота црвено - црните ќе се обидат повторно да ја изненадат Барселона, сега на гости, свесни дека шансата што не смее да се пропушти е натпреварот со Динамо во Скопје на почетокот на февруари идната година, во којашто планираат сигурни бодови и со Тун дома, за мирно да гостуваат во Париз во последното коло.

В недела Металург без сомнение ќе заокружи десет бода со победа над Тун, за идната година да гостува во Париз, каде што ќе се обиде да го повтори ланскиот триумф во Минск и на спектакл во Борис Трајковски против Барселона да го прослави новото осминафинале.

Зоран Видевски