Победата над Игокеа, можна пресвртница во сезоната

25.11.2013 16:24

Му требаше време на МЗТ Скопје да се прилагоди на растргнатоста на два колосека, го влечеа надолу постојаните повреди коишто му го скусуваа ростерот, резултатите не беа според желбите, далеку се од ланските дострели... Сепак, делчињата од мозаикот почнуваат да се местат. Таков е впечатокот по саботниот триумф над Игокеа, четврти досега во годинашната АБА-сезона.

„Најважно е што овој натпревар го победивме. Добицме и некои играчи во ротацијата и сега можеме да бидеме нешто посмирени, иако никогаш нема игра со опуштање и без притисок. Сепак, сигурно во натпреварите кои не очекуваат притисокот ќе биде помал“, вели тренерот Влада Вукоичиќ.

Успехот со најдобрата екипа лани по регуларниот дел може да биде пресвртница за македонскиот првак. По првите 15 одиграни меча во двете конкуренции, тренерот Вукоичиќ конечно има речиси комплетен избор на играчи. Функционирањето на тимот во целина отсега може само да се подобрува. Кога веќе третото место во групата е далеку, а распоредот до крајот тежок, завршните четири меча од деби-настапот во Еврокупот можат да послужат за засилување на компактноста и за изградба на физиономијата на тимот, којшто вистинските резултати ќе ги брка во Јадранската лига.

Неделава што почнува МЗТ го очекуваат нови два сосема различни предизвика. В среда од 19 часот ќе му гостува на израелскиот првак Макаби Хаифа. В сабота од 17 часот, пак ќе има домашен АБА-натпревар, во Скопје доаѓа Цибона. И двата меча, во преноси на МТВ.

Драган Николовски