САД се закани-Карзаи не попушта

26.11.2013 10:39

Американскиот претседател Обама коментирајќи ги критиките за новиот договор за нукеларната програма за Иран изјави дека била донесена вистинската одлука за зачувување на безбедноста на земјата.Според него, доколку договорот се имплементира ќе им обезбеди шанса на Вашингтон и Техеран да ја надминат недовербата, која со години постои двете земји. Сојузникот на САД, Израел и законодавците од Републиканската партија не се согласија со постигнатиот договор.

САД се заканија со повлекување на сите војници од Авганистан поради условувањата на претседателот Карзаи, кој на средбата со советникот за национална безбедност на САД, Сузан Рајс, изјави дека се  до завршувањето на претседателските избори во земјата во април 2014-та,  останува на ставот да не го потпише  клучниот безбедносен договор со кој се регулира натамошниот престој на американските сили по повлекувањето на странските војници од Авганистан. 

Американските истражители соопштија дека не успеале да ги откријат мотивите на 20 годишното момче кое изврши напад врз училиште во Њутаун во Конектикат, при кој загинаа 20 деца и шест возрасни лица. Според извештајот Адам Ланза имал значајни ментални проблеми и бил опседнат со масовни убиства. Ланза, како што е наведно бил опседнат и со огнено оружје и страдал од Аспегеров синдром.

Најмалку 19 лица загинаа, а уште 43 се повредени во серија експлозии и престрелки во неколку градови во Ирак јавуваат официјални претставници на полицијата во Багдад и Мосул. Најкрвавиот инцидент се случил на прометниот Ал Садрија отворен пазар во централниот дел на Багдад, откако експлодирала скриена бомба, убивајќи девет лица  и повредувајќи уште 25 други.

9 лица загинаа во фабрика за преработка на храна во градот Мудандјанг  на североистокот на Кина. Несреќата се случила за време на паузата за ручек кога покривот се срушил и паднал врз работниците, најверојатно како последица на  силното снежно невреме. Поради големите снежни наноси кои неделава го прекрија североистокот на земјата, голем број патишта се затворени, а летовите на локалните аеродроми се откажани.

Украинските демонстранти не се откажуваат од проевропските протести. Останаа да кампуваат на главниот плоштад во Киев со барање до претседателот Јанукович да  го потпише договор за асоцијација со ЕУ.Истовремено поранешната премиерка Јулија Тимошенко во затворот почна штрајк со глад во знак на солидарност со украинските демонстранти.

Bојана Kрстевски