Нема пари без договор

Услов до Грција: Договор со „тројката“, па претседавање со ЕУ

26.11.2013 11:12

Меѓународните доверители ја условија Грција со прифаќање на договорот за санација на кризата пред преземањето на претседавањето на 1-ви јануари наредната година. Ова го изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас оценувајќи исто така дека во 2014-та економијата ќе има раст за првпат по 6-годишното назадување.  Тројката кредитори пристигнува повторно во декември, а Атина сеуште не може да се справи со дупката во јавните финансии од 1,5 милијадри евра иако Владата посочува  дека разликата меѓу расходите и приходите изнесува само половина милијарда.

Меѓународните доверители ја условија Грција со прифаќање на договорот за санација на кризата пред преземањето на претседавањето на 1-ви јануари наредната година. Ова го изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас оценувајќи исто така дека во 2014-та економијата ќе има раст за првпат по 6-годишното назадување.  Тројката кредитори пристигнува повторно во декември, а Атина сеуште не може да се справи со дупката во јавните финансии од 1,5 милијадри евра иако Владата посочува  дека разликата меѓу расходите и приходите изнесува само половина милијарда. Грција мора конечно да го воведе и новиот данок на имот, новото намалување на пензиите и отпуштањата, но и да јазабрза приватизацијата што е услов од ЕУ. За оваа цел, ЕУ формираше независно тело во Луксембург, за да се исполнат условите за добивање на траншите меѓународна помош.  При средбата со Самарас, минатиот петок  во Берлин, германската канцеларка Меркел нагласи дека Грција мора да ги прифати условите на тројката пред да почне шефувањето со Унијата во 2014-та.