Лига на шампионите – фудбал

Се зголемува осминафиналното друштво

26.11.2013 11:57

Барселона и Атлетико Мадрид го обезбедија настапот во елиминацискиот сегмент од Лигата на шампионите на УЕФА уште по четвртото коло. Во петтото, Наполи на Горан Пандев ќе гостува кај ланскиот финалист Борусија Дортмунд со надеж дека ќе остане непоразен, а со тоа дека ќе го обезбеди најмалку второто место во групата „Еф“. Иако има девет бода, исто колку Наполи и три предност пред Борусија, се уште не е сигурен ниту Арсенал.

Барселона и Атлетико Мадрид го обезбедија настапот во елиминацискиот сегмент од Лигата на шампионите на УЕФА уште по четвртото коло. Во петтото, Наполи на Горан Пандев ќе гостува кај ланскиот финалист Борусија Дортмунд со надеж дека ќе остане непоразен, а со тоа дека ќе го обезбеди најмалку второто место во групата „Еф“. Иако има девет бода, исто колку Наполи и три предност пред Борусија, се уште не е сигурен ниту Арсенал. Но доколку ја оправдаат фаворитската улога против Марсеј во Лондон, „топчиите“ ќе бидат блиску до осминафиналето или веќе во него, под услов Борусија да не триумфира против Наполи. Шанса да ја минат групната фаза, а  со тоа да го направат формално завршното коло по групи, денеска имаат Челзи, Шалке, Зенит и Милан.

Од оваа петта рунда во најквалитетното европско клупско фудбалско натпреварување, Македонската телевизија ќе го пренесува дуелот меѓу Баер Леверкузен и Манчестер јунајтед, утре од 20 и 45 на Прва. Половина час порано ќе почне емисијата посветена на Лигата на шампионите во којашто стручно ќе анализира Вујадин Станојковиќ.

 

Лига на шампионите – 5.коло, денеска 20.45

Група „Е“

Базел – Челзи

Стеауа – Шалке

***

Група „Еф“

Борусија Д. – Наполи

Арсенал – Марсеј

***

Група „Ге“

Зенит – Атлетико М. (18 часот)

Порто – Аустрија В.

***

Група „Ха“

Ајакс – Барселона

Селтик – Милан

 

Тони Стојановски