Балканска кошаркарска лига

Шампионот гостува во Куманово

26.11.2013 12:02

По трите победи на претходните четири натпревари, кошаркарите на Куманово денеска ќе го пречекаат Галил Гилбоа во Балканската лига. Македонскиот претставник ќе има тешка задача против шампионот во БИБЛ од минатите две сезони. Израелскиот состав се радуваше на две средби досега, против Теодо на гости и со Сигал Приштина дома, но загуби пред своја публика од Левски, а тоа е показател дека без оглед на квалитетот, има слаби страни.

Нашиот тим лошо ја отворија сезоната, но откако загубија од Приштина, влегоа во ритам и остварија серија од три триумфи, сите на домашен паркет. Во Куманово паднаа Крајова, Пеќ и Балкан, а како ќе биде против интернационалната екипа на Галил Гилбоа, видете во преносот на првиот програмски сервис на Македонската телевизија од 17 часот и 25 минути.

Тони Стојановски