Во Шпанија трае потрагата по милионерот

23.09.2013 12:45

Цела Шпанија се уште трага за лицето кое неодамна во Коруна купи ливче од лотарија, со кое освои награда од 4,7 милиони евра, но кој мистериозниот добитник (или добитничка) случајно го оставил во продавницата

Цела Шпанија се уште трага за лицето кое неодамна во Коруна купи ливче од лотарија, со кое освои награда од 4,7 милиони евра, но кој мистериозниот добитник (или добитничка) случајно го оставил во продавницата.
 
Добитното ливче е пронајдено уште на 30 јуни, а потоа предадено на властите.
 
Сега управата на градот Коруна трага по сопственикот, а градоначалникот Карлос Негреира се шегува дека тој е првиот градоначалник кој го бара милиониерот да му ги предаде, а не да му ги земе парите, пренесува Индепендент.
 
Од градската управа порачуваат дека ќе спроведат сериозни проверки на сите граѓани кои ќе се јават како сопственици на добитното ливче (иако не е прецизирано како тие проверки ќе се направат). Ако сопственикот не се најде, добивката ќе оди кај пронаоѓачот на ливчето.