НБА

Нема запирање за Сан Антонио и за Индијана

26.11.2013 12:17

Продолжи победничкиот чекор на Сан Антонио и на Индијана во НБА лигата. Водечките екипи во двете конференции во ноќешните натпревари го искористија домашниот паркет. Сан Антонио против Њу Орлеанс со 112-93, а Индијана против Минесота со 98-84, за идентичен  ефект – тринаесет победи и само еден пораз. Добро се држи и Портланд кој е втор на западот со биланс 13-2. „Блејзерс“ синоќа се радуваа против очајниот Њујорк со 102-91. Њујорк е во лоша серија со само три триумфи во досегашниот дел од професионалната кошаркарската конкуренција.

Продолжи победничкиот чекор на Сан Антонио и на Индијана во НБА лигата. Водечките екипи во двете конференции во ноќешните натпревари го искористија домашниот паркет. Сан Антонио против Њу Орлеанс со 112-93, а Индијана против Минесота со 98-84, за идентичен  ефект – тринаесет победи и само еден пораз. Добро се држи и Портланд кој е втор на западот со биланс 13-2. „Блејзерс“ синоќа се радуваа против очајниот Њујорк со 102-91. Њујорк е во лоша серија со само три триумфи во досегашниот дел од професионалната кошаркарската конкуренција. Шампионот Мајами беше подобар од Хјустон со 107-92 и се израдува на единаесеттата победа сезонава. Тоа остварување е доволно за втората позиција на истокот

***

НБА лига, резултати:

Сан Антонио - Њу Орлеанс 112-93

Индијана – Минесота 98-84

Портланд – Њујорк 102-91

Јута – Чикаго 89-83 (продолжување)

Далас – Денвер 96-110

Мемфис – Хјустон 86-93

Мајами – Феникс 107-92

Детроит – Милвоки 113-94

Чикаго – Бостон 86-96