Женска ракометна репрезентација

Магдинчев го гради тимот

26.11.2013 12:32

Македонските ракометарки го одржаа првиот тренинг пред учеството на пријателскиот турнир во Врњачка бања од 29.ноември до 1.декември. Новиот селектор Ристо Магдинчев работи со 17 репрезентативки од кои 15 се од нашите два најдобри клуба Вардар СЦБТ и Металург, а Елена Георгиевска (Црна Гора) и Дијана Наумоска (Грција) настапуваат во странство. Во составот не се Билјана Црвенковска и Мирјета Бајрамовска, кои решија да се повлечат од настапите во дресот со државен грб.

В петок Македонија ќе игра со Хрватска (20 часот), в сабота со Ангола (16 часот), а ден потоа со Србија (13.30). Натпреварите во Врњачка Бања се дел од подготвителниот период за настапите во квалификациите за Европското првенство во 2014. Црвено – жолтите се во група со Русија и со Германија, а тие мечеви се закажани за март и за јуни.

Тони Стојановски