ФФМ пресече!

Бошко Ѓуровски – нов селектор

26.11.2013 13:01

Бошко Ѓуровски ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација. Поранешниот репрезентативец ја доби довербата на Фудбалската федерација на Македонија и од 1.јануари 2014, во наредните две години, ќе го предводи националниот тим.

„Веруваме дека имаме иднина, дека овој наш реномиран фудбалски работник ќе создаде синергија, напорно ќе работи со младите таленти, ќе придонесе да се развиваат како фудбалски, така и со карактерни особини, кои треба да ги има еден репрезентативен фудбалер. Конечно, сметаме дека ќе биде селектор кој ќе го вади максимумот од своите избраници и ќе ја предводи македонската фудбалска репрезентација кон успех во еден квалификациски циклус“, пишува во соопштението на ФФМ.

Искуството, резултатите, имиџот во јавноста, карактерот и подготвеноста за работа пресудиле федерацијата да се реши за Ѓуровски кој ќе биде промовиран на 12.декември.

За македонската селекција Ѓуровски одигра седум натпревари и постигна три гола, сите во натпреварот со Кипар, во првиот квалификациски циклус во којшто играше нашиот национален состав. Клупската кариера ја мина во Црвена Звезда и во Сервет каде што ја почна и тренерската. Потоа, работеше во Црвена Звезда, во Раднички Обреновац и во Рад како прв тренер, а во Нагоја му беше асистент на Драган Стојковиќ.

Тони Стојановски