Расте тензијата во Украина

26.11.2013 13:02

Продолжуваат проевропските,  анти владини демонстрации трет ден по ред.  Илјадници демонстранти се судрија со полицијата, која со солзавец и водни топови ја растерувааше толпата која се обиде да влезе во Владата. Демнострантите поставија камп и се закануваат дека нема да заминат додека претседателот Јануковиќ не даде оставка и не ја смени одлуката за потпишување договор за асоцијација со ЕУ.

Ќе останеме овде додека не се потпише договор со ЕУ. Ако тоа не се случи ќе мора да се смени власта. Само прашање е на кој начин ќе го постигнеме тоа. По вчерашнното тепање од полицијата ние сме подготвени на се, подготвени сме да се бориме.

Ќе бидеме тука до 29 ти додека не се реши нашата судбина во Вилнус.

Поранешната премиерка Јулија Тимошенко, која е осудена на седум години затвор,  почна штрајк со глад,  за да изврши притисок врз Киев.

Серхиј Власенко, адвокат на Тимошенко

Тимошенко е среќна што илјадници луѓе се спротивставија на одлуката на владата и застанаа во одбрана на својата земја. Нејзините права се ограничени, затоа ќе почне штрајк со глад се додека не се потпише договорот со Еу.

Европската Унија ја обвини Русија за силен  притисок врз Украина. 

Марија Петковска