Македонски уметници за 69 години Филхармонија

26.11.2013 14:46

Во четврток на 28 ноември 2013, во Салонот на МОБ, со почеток во 20:00 часот, Македонската филхармонија ќе го претставува концертот симболично насловен „КОН ЈУБИЛЕЈОТ...“, со кој Македонската филхармонија ќе прослави 69 години од своето постоење.
Оркестарот на филхармонијата ќе настапи под раководство на Борјан Цанев, а како солист ќе се претстави еден од најистакнатите македонски кларинетисти, Васко Дуковски, кој живее во Њујорк и интензивно настапува на сите континенти. 

На програмата се: Македонски танц бр. 3 од Александар Лековски и Симфонијата бр. 4 од Роберт Шуман, а солистот премиерно во Македонија ќе го исполни Концерт за кларинет и оркестар од шпанскиот композитор Оскар Наваро.
Македонската филхармонија е основана на 24 ноември 1944 година и до денес е еден од најзначајните носители на музичката култура во Република Македонија како и нејзин достоен културен амбасадор. 
Во изминатите 69 години бројни солисти и диригенти застанаа на концертниот подиум настапувајќи со оркестарот, на тој начин градејќи ја македонската култура и создавајќи трајни уметнички и музички вредности.