Награди „Еми“: „Breaking Bad“ најдобра драма, „Modern Family“ најдобра комедија

23.09.2013 12:48

Лос Анџелес синоќа беше домаќин на 65. доделување на наградите „Еми“. Најпрестижна награда која се доделува за најдобра ТВ драма отиде кај екипата на серијата „Breaking Bad

Лос Анџелес синоќа беше домаќин на 65. доделување на  наградите „Еми“. Најпрестижна награда која се доделува за најдобра ТВ драма отиде кај екипата на серијата „Breaking Bad“.

Во конкуренција за надобра серија беа и „Mad men“ и „House of Cards“. Кога е во прашање победничко ТВ остварување, тоа и не беше изненадување со оглед на тоа дека многу прогнозираа дека „Breaking Bad“ ,која е многу гледана, ќе ја добие оваа престижна награда.

Најдобар актер е Џеф Даниелс за улогата во серијата „The Newsroom“. Клер Дејнс, која долго немаше забележителна улога, повторно се врати на големата врата освојувајќи Еми за најдобра актерка. Дејнс наградата ја освои благодарејеќи на улогата на агент на ЦИА во серијата „Homeland“.

Најдобра комедија е „Moden Family“, а најдобар актер во категоријата на комедии е Џим Парсон. Џулија Луис Драјфус е прогласена за најдобра актерката во категоријата на комедии. Најдобро сценарио е прогласено сценариото за серијата „Homeland“, најдобар режисер на драма е прогласен Дејвид Финчер за режија на „House of Cards“.

Боби Канвел („Boardwalk Empire“) е прогласен за најдобар спореден драмски актер, Ана Ган („Breaking Bad“) е најдобра споредна актерка во ТВ драма, Тина Феј и Трејси Вигфилд (30 Rock) добија Еми за најдобро сценарио за комедија, Геил Манкусо е најдобар режисер на комедија („Modem Family“).

Тони Хеил („Veep“) е прогласен за најдобар спореден актер во категоријата комедии, а Мерит Вивер („Nurse Jackie“) најдобра актерка.

Награди се доделени во уште неколку помали категории, а на свеченоста во Лос Анџелес присуствуваа голем број славни личности од светот на филмот, музиката, спортот...