Еврокуп

Макаби е подготовка за Цибона

27.11.2013 17:47

Без поголеми амбиции МЗТ Скопје ќе гостува во Хаифа кај Макаби во седмото коло од Еврокупот. Македонскиот кошаркарски шампион во Израел отпатува без Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски кои одмораат во Скопје пред саботниот натпревар со Цибона во Јадранската лига. 
 
Со оглед на петте порази во шест средби досега, Еврокупот веќе е споредно натпреварување за екипата од Аеродром која што се насочува кон АБА конкуренцијата. 
 
Во неа билансот е многу поповолен – четири триумфи и пет порази, што значи дека со успех против Цибона МЗТ може да стигне до половичен ефект и да се надева на позитивен биланс до крајот на првата половина од Јадранската лига.
 
Натпреварот Макаби Хаифа – МЗТ Скопје ќе оди во пренос на Собранискиот сервис на МРТ, денеска од 19 часот, веднаш по завршувањето на фудбалското дерби меѓу Вардар и Металург. 
 
Тони Стојановски