Прва фудбала лига на Македонија

Пелистер на врвот

27.11.2013 21:37

Со серија од четири победи Пелистер изби на водечката позиција во Првата македонска фудбалска лига по некомплетното 17.коло. Битолскиот тим денеска го совлада Гостивар пред своја публика со 1-0 со голот на Воденичаров во 75. Минута. „Зелените“ сега имаат 30 бода, два повеќе од Турново и од Работнички. Нашиот најдобар претставник во Европа минатото лето, Турново, бе3ше подобар од Еуромилк во Скопје со 2-0. Стрелаа Блажевски во првото и Митрев во второто полувреме. Работнички одигра нерешено 1-1 кај Ренова  иако противникот беше блиску до триумф.

Со серија од четири победи Пелистер изби на водечката позиција во Првата македонска фудбалска лига по некомплетното 17.коло. Битолскиот тим денеска го совлада Гостивар пред своја публика со 1-0 со голот на Воденичаров во 75. Минута. „Зелените“ сега имаат 30 бода, два повеќе од Турново и од Работнички. Нашиот најдобар претставник во Европа минатото лето, Турново, бе3ше подобар од Еуромилк во Скопје со 2-0. Стрелаа Блажевски во првото и Митрев во второто полувреме. Работнички одигра нерешено 1-1 кај Ренова  иако противникот беше блиску до триумф. Тетовци водеа со голот на Емини, а израмни Имери на две минути до крајот. Напредок и Шкендија ремизираа со 0-0, а Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ја порази Брегалница со 3-0. Двата гола на Ѓурѓевиќ и оној на Колеќески беа постигнати во последните дваесетина минути од мечот.

Дербито меѓу Вардар и Металург можете да го гледате на Собранискиот сервис на МРТ од 17 часот. Со триумф вардар би се израмнил со Пелистер на чело на табелата, а во најдобар случај Металург може да дојде до негатива од еден бод сметајќи го ефектот на битолскиот состав.

***

Прва фудбалска лига, 17.коло

Пелистер – Гостивар 1-0

Еуромилк – Турново 0-2

Ренова –Работнички 1-1

Напредок – Шкендија 0-0

Македонија ЃП – Брегалница 3-0

Вардар – Металург (17.00, МРТ)

***

Табела:

1.Пелистер 30

2.Турново 28

3.Работнички 28

4.Вардар 27 (-1)

5.Металург 26 (-1)

6.Ренова 24

7.Еуромилк 21

8.Брегалница 21

9.Шкендија 21

10.Македонија ЃП 16

11.Напредок 13

12.Гостивар 11

 

Тони Стојановски