Блок свет

Можно ли е Јанукович да се предомисли во Вилнус?

28.11.2013 10:12

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска на средба со Европските лидери, неколку дена откако кажа  дека Украина не е подготвена да го потпише договорот за  стабилизација и за слободна трговија со  ЕУ. Тој ќе присуствува на вечерата  со која  се отвора третиот Самит на Источното партнерство и ЕУ  во Вилнус, Литванија, на кој требаше да биде потпишан овој договор. Украина не ги исполни  барањата да ја ослободи опозициската лидерка Јулија Тимошенко, која почна штрајк со глад. Илјадници демонстранти  вчеравечер повторно протестираа против владата.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска на средба со Европските лидери, неколку дена откако кажа  дека Украина не е подготвена да го потпише договорот за  стабилизација и за слободна трговија со  ЕУ. Тој ќе присуствува на вечерата  со која  се отвора третиот Самит на Источното партнерство и ЕУ  во Вилнус, Литванија, на кој требаше да биде потпишан овој договор. Украина не ги исполни  барањата да ја ослободи опозициската лидерка Јулија Тимошенко, која почна штрајк со глад. Илјадници демонстранти  вчеравечер повторно протестираа против владата. Источното Партнерство со Русија  ги опфаќа  Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Италијанскиот сенат му го одзеде  мандат на поранешниот контроверзен премиер Силвио Берлускони. Сенатот изгласа доверба на Италијанската влада и го поддржа буџетот за 2014, но не и пратеничкиот имунитет на Берлускони. Го загуби поради  даночни измами.  Со ова се овозможува правосилност на пресудите против лидерот на некогашна Форца италија. Тој го обвини Јавното обвинителство дека веќе 20 години против него води „политички прогон“.Поранешниот италијански премиер, кој е осуден на затворска казна од четири години, а која може да се намали на една година домашен притвор или вршење општествено корисна работа, тврди дека не е виновен и дека е жртва на лево ориентираните судии.

Со 297 гласа за и 134 против тајландската премиерка Инглук Шинаватра го преживеа гласањето за доверба на парламентот поднесено по предлог на опозицијата, откако илјадници граѓани излегоа на улиците во Бангкок барајќи оставка. Владата на Шинаватра се соочува со најголемите демонстрации од насилствата во 2010. Шефот на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост поради последните случувања во земјата и повика на воздржаност.

Администрацијата на Обама најави ново одложување на здравствениот зако, но овој пат во врска со електронското медицинско осигурување за малите бизниси. Веб-страницата што  им дозволува на работодавачите да го купат осигурувањето за вработените ќе биде деактивирана за една година, односно до ноември 2014. Причини за пролонгирањето се честите грешки во системот на страницата  „Healthcare.gov“ од неговото почнување од 1 октомври. Ова е последниот проблем со којшто се соочува законот познат како Обамакер.