Американски бомбардери над кинеската забранета зона

27.11.2013 12:18

Два американски бомбардерa Б-52 се во центарот на ескалацијата во Источното кинеско море. Невооружени, прелетале над новата кинеска зона за противвоздушна одбрана над спорните острови Сенкаку, предизвикувајќи го Пекинг. Кина го следела нивниот лет во зоната во времетраење од 2 часа и 22 минути, соопшти Министерството за одбрана во Пекинг.

„Американските авиони само прелетаа каде што летале отсекогаш“, рече јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера.

Прелетот на бомбардерите е демонстрација дека САД и Јапонија нема да го почитуваат барањето на Кина авионите да се идентификуваат и да прифатат кинески инструкции. Тоа им е препорачано и на главните авиокомпании во двете земји. Кина сакаше дополнително да го ослабне јапонското право над Сенкаку, но само ги приближи САД и Јапонија и ја зголеми меѓународната поддршка за Токио.

„Објавувањето на кинеската идентификациска воздушна зона беше целосно еднострано и предизвика голем гнев кај меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Јужна Кореја и Тајван. Сакаме да ја повлечат зоната колку што може побрзо бидејќи не ја прифаќаме. Веруваме дека и САД појдоа од истата точка“, порача министерот Ицунори.

„Едностраната акција е очигледно обид еднострано да се смени статус квото во Источното кинеско Море. Ова ќе ги зголеми регионалните тензии и ризикот за погрешни проценки, конфликти и несреќи.  Побаравме воздржаност од Кина“, вели портпаролот на Стејт департментот Џејн Псаки.

Изминатите 7 децении САД беа доминантна воена сила во регионот, но сега Кина го предупредува Вашингтон дека работите се менуваат. Според аналитичарите, мирното справување со таа промена ќе биде еден од најголемите стратешки предизвици на 21. век.

Ивана Салтировска