НБА лига

Сан Антонио загуби, на врвот Индијана

28.11.2013 11:45

Сан Антонио го загуби дербито на западот во Оклахома со 94-88, а тоа го искористи Индијана, која со лесниот триумф на гостувањето кај Шарлот со 99-74 стана сопственик на најдобриот биланс во НБА лигата досега. Индијана има 14 победи на 15 натпревари, а Сан Антонио забележа два пораза, исто така на 15 одиграни средби, што е доволно за водечкото место во западната конференција. Во неа втор е Портланд кој го претрпе третиот сезонски пораз, ноќеска во салата на Феникс со 120-106.  Во одличен ритам влезе и Оклахома која се радуваше на последните пет меча.

Сан Антонио го загуби дербито на западот во Оклахома со 94-88, а тоа го искористи Индијана, која со лесниот триумф на гостувањето кај Шарлот со 99-74 стана сопственик на најдобриот биланс во НБА лигата досега. Индијана има 14 победи на 15 натпревари, а Сан Антонио забележа два пораза, исто така на 15 одиграни средби, што е доволно за водечкото место во западната конференција. Во неа втор е Портланд кој го претрпе третиот сезонски пораз, ноќеска во салата на Феникс со 120-106.  Во одличен ритам влезе и Оклахома која се радуваше на последните пет меча. На истокот, зад Индијана е шампионот Мајами со 12 победи досега. Ноќеска „жешките“ славеа во Кливленд со 95-84. Агонијата на Њујорк продолжи со пораз во Лос Анџелес од Клиперс со 93-80.

***

НБА лига, резултати:

Оклахома – Сан Антонио 94-88

Шарлот – Индијана 74-99

Феникс – Портланд 120-106

Кливленд – Мајами 84-95

Лос Анџелес Клиперс – Њујорк 93-80

Далас – Голден Стејт 103-99

Минесота – Денвер 110-119

Милвоки – Вашингтон 92-100 (продолжување)

Хјустон – Атланта 113-84

Детроит – Чикаго 79-99

Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 94-99

Бостон – Мемфис 93-100

Орландо – Филаделфија 105-94

 

Тони Стојановски